Кабина, параван или „Ѕид до ѕид“: што Ви треба
Најлесниот начин да одлучите е да погледнете каде се ѕидовите. Тоа ги одредува и мерките што ги земате и моделите што доаѓаат предвид.
Четири ситуации




- Во агол — две ѕида се спојуваат, а кабината ги затвора другите две страни. Се мерат две ширини и висина.
- Ѕид до ѕид — просторот за туширање е меѓу два спротивни ѕида и се затвора само од напред. Се мерат ширината меѓу ѕидовите и висината.
- Параван — стаклена преграда за модерни купатила: минималистичко решение, исто така со мерка ширина × висина.
- Над када — параван што се става на работ на кадата наместо завеса. Висината е 150 cm.
Мерки, модели и цени
Сè е од каталогот. „Од“ е најевтиниот модел во групата; цените се со ДДВ.
| Ситуација | Што мерите | Модели | Од цена |
|---|---|---|---|
| Во агол | ширина × длабочина × висина | Туш кабини: Bjanka 4mm, Kiara, Bjanka Dlaboka, Ava, Tuto, Cross… | 10.550 ден. |
| Ѕид до ѕид | ширина × висина (70 – 200 cm) | Кабини: Petrovgrad, KJ2, KJ4; паравани: Apollo 2, Granada, Una P2, Apollo 4, Ava 2, Una P4, Ava 4 | 8.500 ден. |
| Над када | должина на кадата (висина 150) | Marco L/R, Granada, Apollo 2, Una P2, Apollo 4, Amsterdam, Una P4, Sydney, Liana, Aruba, Berlin | 5.900 ден. |
Туш кабините во агол се најчесто со висина 180 или 200 cm. Достапни се и нестандардни мерки по нарачка.
Кабина или параван
Ако имате агол, туш кабината е природниот избор — се мерат две ширини и висина. Ако просторот е меѓу два ѕида, избирате меѓу врати „од ѕид до ѕид“ (од 15.700 ден.) и паравани (од 8.500 ден.). Кабините во агол се од 10.550 ден.
Паравани за врз када има од 5.900 ден. до 15.000 ден. (цената на најскапиот модел).
Ако менувате и туш када
На страницата на туш кабината ќе видите кои туш кади одговараат на избраната мерка (парови што ги одредила нашата фирма), а на страницата на кадата — кои кабини одговараат. Кадата не е вклучена во цената на кабината.
Како да измерите
Со цртежи е објаснето во упатството за мерење. Најкратко: мерете на неколку места, затоа што ѕидовите ретко се сосема рамни, и запишете ги сите мерки. Ако не сте сигурни, пробајте го бесплатното планирање — внесувате мерки и добивате предлози со цена.
Модели за разгледување

Туш кабина Ava

Туш кабина Petrovgrad

Параван Granada

Параван за када Granada
Не сте сигурни што Ви одговара?
Внесете ги мерките на просторот — добивате предлози со цена, а по желба наш човек доаѓа и на лице место.
Бесплатно планирање Побарај понуда по мерка